Струмица ќе чека на гасификација

Bez autora
Jul 12 2010

И по шест месеци од најавите, проектот за гасификација на Струмица не може да стартува. Причината за тоа според градоначалникот Заев е во министерството за финансии кое се уште не ја дава согласноста за кредитно задолжување на општината во висина од два милиони 800 илјади евра од Светска банка. Последниот одговор на барањето поднесено во јануари годинава од финансии бил ниту позитивен, ниту негативен. Би било навистина штета и жално кога општина Струмица е со огромен финансиски капацитет, може да подигне кредит, да не добие никаква согласност. Во последниот допис што го добивме од министерството за финансии, стоеше дека министерството ниту може да даде позитивно мислење, ниту може да даде негативно мислење заради тоа што државата имала намера во иднина во некој период да гради гасоводна мрежа, како национален гасовод во Р.Македонија.

Струмица ќе чека на гасификацијаИ по шест месеци од најавите, проектот за гасификација на Струмица не може да стартува.

Причината за тоа според градоначалникот Заев е во министерството за финансии кое се уште не ја дава согласноста за кредитно задолжување на општината во висина од два милиони 800 илјади евра од Светска банка.

Последниот одговор на барањето поднесено во јануари годинава од финансии бил ниту позитивен, ниту негативен.

„Би било навистина штета и жално кога општина Струмица е со огромен финансиски капацитет, може да подигне кредит, да не добие никаква согласност.

-Во последниот допис што го добивме од министерството за финансии, стоеше дека министерството ниту може да даде позитивно мислење, ниту може да даде негативно мислење заради тоа што државата имала намера во иднина во некој период да гради гасоводна мрежа, како национален гасовод во Р.Македонија“, изјави Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Доколку финансии овој месец не ја даде согласноста, Заев вели дека општината заедно со бизнис секторот сами ќе го реализираат проектот за гасификација на Струмица но, тогаш гасот ќе биде поскап. Гасификацијата на Струмица чини 3 милиони 800 илјади евра, еден милион евра обезбедува општината.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik